(ВИДЕО) Хегсет: Иран се обиде да го убие Трамп, ликвидиран е функционерот кој ја предводел акцијата

Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Пит Хегсет, објави за време на прес-конференцијата во Пентагон дека Иран се обидел да го убие американскиот претседател Доналд Трамп.

Хегсет изјави дека нивните сили го „пронашле и убиле“ водачот на единицата што се обидела да го убие Доналд Трамп.

„Вчера, водачот на единицата што се обиде да го убие претседателот Трамп беше пронајден и убиен“, рече министерот за одбрана на конференцијата во Пентагон.

Како што рече, САД и Израел штотуку ги започнуваат своите напади врз Иран и најавија нови бранови напади. Тој истакна дека САД ќе користат „неограничени“ залихи од гранати.

„Соединетите Американски Држави победуваат, решително, разорно и безмилосно. Во војна сме само пет дена, но нема да брзаме за да се осигураме дека операцијата е успешна“, рече Хегсет, според NBC News.

Тој најави дека повеќе американски сили ќе пристигнат на Блискиот Исток и ќе се приклучат на нападите врз Иран.

Тој процени дека американските и израелските сили ќе преземат „целосна контрола врз небото на Иран“ во следните неколку дена, „помалку од една недела по почетокот на војната“.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK