Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Денеска во 9.25 часот во СВР Тетово e пријавено дека во Клиничката болница e донесено починато 10-годишно момче од Тетово.

Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатото дете е однесено на обдукција.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK