Состојбата на Ивица Дачиќ е подобрена од вчера, сепак останува на механичка вентилација

Ивица Дачиќ, вицепремиерот на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС), од вчера е хоспитализиран поради тешка пневмонија, а помошник-директорот на Клиниката за пулмологија, Спасоје Попевиќ, утрово изјави дека состојбата му е постабилна од вчера, но претстои уште борба, пренесе Еуроњуз.

„Борбата продолжува, тој е на механичка вентилација и во овој момент успеавме да ја стабилизираме неговата состојба. Прерано е да прогнозираме што било. Во овој момент ситуацијата е постабилна отколку што беше за време на вчерашното обраќање“, изјави доктор Попевиќ.

Тој апелираше до сите медиуми да имаат разбирање за семејството на министерот и за сите негови пријатели.

Дачиќ рано утрово во болницата во Белград го посети и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Го посетив Ивица утрово. Лекарите велат дека неговата состојба е некако подобра. Верувам во него, а сега насоката е Казахстан за одлични резултати за нашата Србија“, рече Вучиќ во свое видеообраќање на неговиот инстаграм-профил.

„Секако, претпазливоста е сè уште неопходна и нишно не е сигурно, но подобро е, на радост на неговото семејство и на сите луѓе што го сакаат“, додава српскиот претседател во објавата.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK