Бугарија ја продолжува праксата со одбивање за регистрација на македонски здруженија, уште едно одбиено барње
Окружниот суд во Благоевград, Бугарија, го одби барањето за регистрација на Здружението на репресираните Македонци во Бугарија, жртви на комунистичкиот терор. Судот оценил дека дел од целите на организацијата се „насочени против единството на нацијата“. Ова е само дел од низата вакви одлуки на бугарските судови за регистрација на македонска организација во Пиринска Македонија.
Окружниот суд во Благоевград вчера ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација за одбивање на барањето на Здружението на репресираните Македонци во Бугарија, жртви на комунистичкиот терор, поднесено на 20 јануари годинава.
Судот се повика на уставни и правни аргументи, оценувајќи дека дел од целите на организацијата се „насочени против единството на нацијата“, објаснува претседателот на Градскиот комитет на ОМО Илинден од Благоевград, Атанас Кирјаков.
Comments are closed.