Лејла Кадриу – Панчевски беше таргет од страна на СЈО, му монтираа предмети бидејќи им застна на патот на нивното незаконито работење

Лејла Кадриу – обвинител од СЈО која си замина после 2 или 3 месеци од кога почна со работа во СЈО – раскажува како Владимир Панчевски бил таргет од страна на СЈО и како му монтираа предмети бидејќи во тој момент како претседател на Кривичен суд им застнал на патот на нивното незаконито работење и барал да работат како што налага законот и не им давал предмети да излегуваат надвор од судот.
Тој им бил мета на СЈО и зборувале дека по секоја цена Владимир Панчевски не смее да биде таму за да не им смета во нивните незаконски дејствија.
Потоа додава дека не можеле да му најдат ништо незаконски па почнале да му измислуваат предмети со АКМИС системот, а како што работел тој работеле и другите претседатели на останатите судови и на Врховен и на Апелација и на Управен итн, меѓутоа Панчевски бил метата бидејќи не соработувал со нив во нивните незаконски дејствија и по секоја цена морало да го тргнат.
И планот им се оствари.
Му измислија дело со монтиран судски процес на еден од најстручните и најеминентните правници во Македонија кој заврши во затвор – претседател на Кривечн суд кој во тоа време на анкетите за правосудство во  имаше доверба во судството повеќе од 50% а не како изминативе 7-8 години со 2% рејтинг доверба во судот.
Слушнете ја обвинителката Лејла Кадриу.
Запрепастува тоа што се слушаше во вечерното шоу кај Богдан Илиевски.
Да имаме и малку  првда после оваа емисија веднаш ќе почнат истраги за тоа што го правеле СДСМ и СЈО изминтите години од кога почна Шарена револуција и СЈО, а не некои од нив да шетаат како пауни низ плоштадот Македонија во центарот на Скопје и да уживаат уште на функциите кои си ги доделија сами на себе.
Срамот ќе биде голем за државата доколку се остави така да помине ова, после сите злодела што ги направија некои судии и обвинители изминатите години каде уништија и држава и човечки судбини и фамилии.
💭 ПРАВДА МОРА ДА ИМА – ДОСТА ВРЕМЕ БЕШЕ НА БОЛЕДУВАЊЕ‼️

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK