Научниците предупредуваат дека веднаш треба да престанете да ја пиете оваа работа
Кога станува збор за домашни лекови, неколку работи се споменуваат толку често, а една од нив е и јаболковиот оцет. Многумина го сметаат како „лек“ за сè – од икање до акни, некои дури веруваат дека тоа е клучот за слабеење.
Не постои негирање дека јаболков оцет е полн со ензими, пробиотици, како и тоа дека помага во регулирање на шеќерот во крвта. Но, сè повеќе експерти предупредуваат на прекумерна потрошувачка на јаболков оцет за штетните несакани ефекти поврзани со неговата потрошувачка.
Диетитичарката Ели Киригер за „Вашингтон пост“ изјави дека јаболков оцет е киселина која треба да се консумира со внимание.
-Тоа е моќна киселина која може да биде опасна. Може да предизвика изгореници на деликатното ткиво на устата и хранопроводот и да доведе до ерозија на забите, објасни таа.
Јаболков оцет може да предизвика гадење и други гастроинтестинални проблеми, така што доколку чувствувате непријатност, можеби е време да ја намалите неговата потрошувачка.
Непријатните симптоми можат да се избегнат ако разредите јаболков оцет со вода или го користите само како зачин во вашата омилена салата.
„Јас секогаш сум во корист на оцетот и сакам да ми биде дел од диетата, но кога се меша со зеленчук. Обемот на влакна и вода во зеленчукот ќе ви помогне да бидете полни и хидрирани што природно помага со варењето на храната и одржувањето на тежината“, советува нутриционистот Кери Гласман.