Драган Митровиќ го фати крстот во Скопје, Мартин Гоџо во Охрид, Борис Стефановски во Куманово, Јовица Илиески-Кара во Тетово, Дамјан Стефановски во Дебар
Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.
И годинава продолжи вековната традиција на положување на крстот во водите на реката Вардар, во Охридското Езеро, како и во другите македонски реки, езера и водотеци.
Скопската православна епархија при МПЦ-ОА го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар. Одбележувањето започна со богослужннба во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан.
По завршување на литургијата, богојавленските литии заедно со свештенството во поворка се упатија кон мостот „Слобода“ кај хотелот „Холидеј Ин“, каде поглаварот г. г. Стефан го спушти светиот и животворен крст во водите на Вардар, пред неколку илјади насобрани веерници.
Дваесет и четири годишниот Дарко Митровиќ од општина Центар го извади чесниот крст од водите на Вардар во рамки на централната манифестација за одбележување на празникот Водици во Скопје. Митровиќ беше најсреќниот меѓу 160 пријавени за фаќање на крстот во Скопје.
На чествувањето во Охрид, Мартин Гоџо од Варош го фати светиот крстот. Светиот крст во езерските водите беше положен во вода кај Градското пристаниште. Ова е втора година по ред како Гоџо го вади светиот крст, а третпат откако тој учествува во светиот чин.
Тој беше најсреќниот меѓу стотиците верници кои влегоа во Охридското езеро. Откако го извади крстот, групата пред Гоџо извекуваше „Варош, Варош“, пеејќи ја „Во Јордание“.
На свеченоста присуствуваа неколку илјади верници и туристи, а по крстот во осветените води на Охридското Езеро влегоа стотина верници. Оваа година за првпат водите на Охридското Езеро ги освети новиот митрополит-кичевски, владиката г. Георгиј. На свеченоста во Охрид присуствуваше и претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова.
Во Дебар денеска најсреќен беше Дамјан Стефановски, ученик во петто одделение во дебарската деветтолетка „Пенестија“, кој го фати светиот крст положен во водата на базенот, што се наоѓа во дворот на црквата „Света Петка“ каде се наоѓа и седиштето на дебарската парохија.
По светиот крст заедно со Дамјан скокнаа и Теофан Ангеловски и Антониј Тодоровски, но среќата му се насмевна на Дамјан кому радоста му се читаше на насмеаното детско лице.
-Бог се јави. Многу сум радосен. Посакувам здравје и среќа за сите, рече малиот Дамјан.
Comments are closed.