За време на владеењето на СДСМ јавниот долг зголемен за 2,8 милијарди евра
За три години јавниот долг порасна за драматични 2,8 милијарди евра.
Имено во 2017-та година јавниот долг изнесуваше 47,7% т.е. 4,7 милијарди евра, додека во 2020 година изнесува 59,5 % односно 6,5 милијарди евра.
Огромното задолжување на државата наместо за проекти за граѓаните, се искористи за предизборен поткуп, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
Издавањето на домашните платежни картички, ваучерите за туризам за ВМРО-ДПМНЕ, но и за голем број аналитичари беше ништо друго освен предизборен поткуп.
Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешенел кон средината на јуни истакна дека тенка е линијата меѓу помош за граѓаните и предизборен поткуп, а во случајот со платежните картички.
Тасева смета дека пакетот мерки се повеќе личи на популизам кој има за крајна цел добивање гласови на избори. Во тогашната изјава таа посочи дека исплатите не треба да продолжат и по 24-ти јуни кога почнува предизборната кампања.
-Не можат исплаќањата на овие картички да се вршат во време на изборна кампања, ниту во време на избори. Затоа мора да се внимава. Сета оваа збрка околу неточни податоци, ажурирање на податоци за картичките дополнето со тоа дека за осум дена ќе настапи изборна кампања, треба да се внимава на одредбите од законот кои велат дека не можат да се вршат исплаќања во тој период, истакна тогаш Тасева.
Аналитичарите и пред изборите укажуваа дека делењето на картички и ваучери е предизборен поткуп на купување гласови. Стартот на искористувањето на картичките се совпадна со предизборниот период, а ваучерите добија валидност токму на денот на изборите, 15-јули.
Од ВМРО-ДПМНЕ во јуни посочуваа дека јавноста не знае по кој критериуми ќе бидат делени картичките, ниту кој ќе одлучува кој да добие кој не. Од партијата нагласуваа дека се остава широк простор за манипулација и класичен поткуп на граѓани пред избори.
-СДСМ не знае како да се справи со пандемијата и во државата се случува тотален хаос. Ниту знаат што да прават на здравствен, ниту на економски план. Се фалеа со економски мерки кои беа задоцнети и не беа од никаква помош бидејќи илјадници граѓани останаа беа примања. Платежната картичка со која тие се фалат е класичен поткуп. ВМРО-ДПМНЕ апелира наместо на поткуп, власта да се насочи на санирање на штетите од кризата за фирмите и за работниците, истакнуваа во јуни од партијата.
Рекордно ниско ниво на капитални инвестиции: Владата не дава пари за болници, училишта и градинки
Реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли, согласно објавените податоци на Министерството за финансии и продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза.
Во првите шест месеци од годинава реализацијата на капиталните расходи во буџетот е 22,51 отсто. Според објавените податоци на Министерството за финансии, од предвидените 319.921.656 евра заклучно со 30 јуни 2020 година реализирани се 72.007.831 евра.
Економистите коментираат дека капацитетот на институциите да ги спроведат јавните инвестиции се од пресудно значење за економскиот раст на земјите во развој како што е Македонија. Ниското ниво на јавни инвестиции покрај тоа што не создава можност за квалитетни јавни услуги за граѓаните, како училишта, градинки, медецинска опрема, но исто така се намалува и обемот на работа за домашните компании.
Министерството за финансии редовно повлекува милионски суми на аукциите на државни хартии од вредност но сепак и покрај енормните задолжувања инвестициите во реални проекти изостануваат.