САД по Венецуела се вртат кон Гренланд

Откако Соединетите Американски Држави вчера го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе „ја предводи Венецуела“ сè додека не се спроведе транзиција на власта. Таа изјава, како и самата воена интервенција, предизвика загриженост дека Трамп може да го насочи своето внимание кон други делови од светот.

Поточно, стравувањата за Гренланд повторно се разгореа, откако членовите на движењето МАГА (Америка повторно голема) на Трамп отворено почнаа да се осврнуваат на можноста за американско преземање на таа територија.

Дополнителни тензии предизвика објавата на Кејти Милер, десничарска активистка и сопруга на Стивен Милер, моќниот заменик-шеф на кабинетот на Трамп за политика. Доцна синоќа на социјалната мрежа Икс таа сподели мапа на Гренланд со американско знаме поставено над неа, заедно со краток коментар: „НАСКОРО“ („SOON“).

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK