Прегазен маж од Волково, уапсена жената што првично избегала од местото на настанот

Во скопско Волково синоќа еден маж трагично го загубил животот откако бил прегазен од „мерцедес“ зад чиј волан била жена од истото село. Таа избегала, но четири часа подоцна била уапсена.

Како што соопшти МВР, ноќеска во 45 минути по полноќ во Волково била уапсена 40-годишната М.С.

Таа на ул.„100“ во Волково во 20:55 часот со автомобил „мерцедес“ со скопски таблички, удрила во пешакот Г.И. (60) од с.Волково. Од здобиените повреди Г.И. починал на местото, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 300 од Кривичниот законик.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK