Филипче ја кодоши Македонија во Брисел….повторно!

Претседателот на СДС можеби има „ново“ раководство (ново ко ланскиот снег), но не може да ги смени старите, лоши и антимакедонски навики. Во контекст на кажаното доаѓа срцепарателната вест од Брисел каде Филипче повторно шири лажни вести и ја кодоши сопствената држава, нанесувајќи огромна штета врз тешко обновенито имиџ на државата, кој тој и Заев го урнисаа во 7-те години сервилен и субмисивен налет на владеење.

Денеска, по познатиот тертип кој го користеше и во Атина и други европски метрополи, Венко во патетичен говор преполн со невистини искодоши вака:

„Ви се обраќам од Брисел, затоа што борбата за слободата и демократијата во Македонија бараат акција и заедничко дејствување, се вели во соопштението од СДСМ, од изјавата на претседателот на партијата Венко Филипче од Брисел, што МИА го пренесува интегрално.

-Донесената срамна Резолуција на ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието е директен удар врз демократијата, слободата на говор, мислењето и политичкото дејствување.

Кога парламент носи неуставна резолуција, против опозицијата, тогаш државата престанува да биде демократска и влегува во авторитаризам. Во режим.

Власта сака да ја замолчи и да ја забрани работата на опозицијата, да создаде еднопартиска држава и да ја згасне слободата на говор.

СДСМ тоа нема да го дозволи, ќе ја одбраниме слободата и демократијата.

Македонија мора да биде слободна, демократска и европска држава.

Време е за формирање единствен граѓански фронт – фронт за правда, слобода и демократијата.

Фронт во кој сите, без разлика на партиска, етничка или идеолошка припадност, ќе застанеме како еден во одбрана на демократијата, слободата на говорот и мислењето, и во одбрана на Македонија.

Да ја одбраниме Македонија. Да ја одбраниме демократијата!

Овде, во Брисел, ќе побарам поддршка од цела Европа, од сите прогресивни и демократски сили, од сестринските социјалистички и социјалдемократски партии.“, изјави во говор полн со лажни вести првиот човек на СДС кој во своето раководство има деклариран наркоман, злоупотребувач на службена положба и жена која некогаш знаеше тројца, сега не знае ниту еден човек во СДС, затоа што тројцата фатија усвета од  антимакедонската направија наречена СДС…

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK