Уапсен директор на средно училиште во Софија: Поставил камери во тоалетите!

Директорот на 138. училиште „Проф. Васил Златарски“ во Софија е уапсен по пријава од родители дека поставил камери во тоалетите што ги користат ученичките и учениците во средното училиште што се наоѓа блиску до бугарското Министерство за надворешни работи, јавуваат бугарските медиуми.

Според првичните информации, во тоалетите биле поставени 20 камери, чии преноси биле насочени на компјутерот на директорот.

Директорот Александар Евтимов бил назначен на функцијата во февруари минататата година, а претходно бил на раководни функции во училишта во Софија и во Софиската област. По веста за неговото апсење, се појавија голем број шпекулации за него, вклучително дека од најзначувањето за директор во училиштето, изрекол суспензии за наставен кадар во 40 случаи.

Поставувањето камери во санитарни простории е грубо прекршување на Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR) и Законот за заштита на личните податоци во Бугарија (ЗЗЛД).

Според првичните информации, минијатурните камери наликувале на обични сензори за движење.

Ученици, родители и наставен кадар од училиштето се собрале во училишниот двор по веста дека директорот е уапсен синоќа поради поставување камери во тоалетите.

Софиското 138. училиште „Проф. Васил Златарски“ нуди образование за повеќе јазици: англиски, шпански, кинески, јапонски и корејски.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK