Финансиската раководителка сведочеше за хаосот на Онкологија: „По ковид-карантинот ми беа одземени ингренциите“

Судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој се обвинети поранешниот медицински директор Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи, продолжи со сведочење на раководителката на финансиското работење на Клиниката за онкологија. Обвинетите се товарат за незаконска набавка на лекови и присвојување на дел од терапијата.

Сведокот ги потврди своите надлежности за финансиско и сметководствено работење во периодот 2018-2022, но откри:

„Ингиренциите ми беа одземени од крајот на 2019 почетокот на 2020 година.“

Таа објасни дека по тринеделен ковид-карантин, открила дека нејзината клучна обврска – подготвување на налозите за плаќање спрема набавувачите – била пренесена на колешка без писмено решение. Сведокот посочи дека пред тој период, соработката со обвинетиот Васев била добра и Клиниката немала никакви долгови.

 

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK