Страшно е што никој ништо не им може, нели?
Рекет, уцени, поткуп, дрога, шверц, тендери, менување и газење закони по желба, Устав сквернавење и што уште не.
4 години СЕКОЈ ДЕН истото.
И све ова да не можеш да го спакуваш во едно и да го канализираш до народот во форма на револт?
Па тоа е уште пострашно од горенаведеното, многу пострашно. Нема пострашно од немање надеж.
Знаете ли колку го заболе народ цев за РЕАЛНИ политики? Ама ич.
Излегува Заев и вика 20 илјади минимална плата.
После него излегуваат нашите од ВМРО и велат СДС не се реални и лажат, минималната ќе е 18 илјади.
Знаете ли колку го заболе народ за реални политики?
Ама ич. Нит 500 евра им даде, нит 600 ќе им даде, нит па 18 илјади минимална ќе видат. Ама ете, очи полни раце празни им е омилениот фазон во кој сакаат да се.
Остај тоа што народ нема допирна точка со реалноста, туку и оној што треба да го освести и подигне нема поим од реалноста.
Цел опозициски мандат повеќе загрижени за тоа угледот кај странците да не им се наруши. Да не случајно ги наљутат со некој непромислен потег, говор, или па НЕ ДАЈ БОЖЕ некое протестче.
Цел опозициски мандат помина во гувеење како млада невеста. Странците ќе се наљутеле бе…
Каде се странците сега?
Оние за кои 4 години како бездушни и безгласни лебдевме во безвоздушен простор?
Каде се?
Мислевте дека странците ќе излезат да гласаат?
Дечки далеку сме ние од катарза, многу далеку. Али затоа сме поблиску до катаклизма. Јака катаклизма во која све ќе излезе и треба да излезе на видело. Од локални ОК шерифи и нивните потрчковци па до тамо горе каде што пола не се поднесуваат меѓу себе а чекаш тим да се.
Некој се бори со години непрекинато секој ден, се откажал од све, од секој аспект на нормален живот, и за што?
За некој да нема муда да каже што сака народ и што бара народ?
Нас не ни треба функционери кои ќе се борат да ја спасат партиската кариера и да стигнат подалеку во партијата, нас ни треба функционери кои размислуваат како да ја спасат Македонија и народот во неа. Нас ни треба некој што ќе стои до народот, а не до амбасадорите.
Да да пријатели, далеку сме од катарза, али блиску сме до катаклизма.
Немој да мислите дека некој ќе ви ќути и одмолчува додека МАКЕДОНЦИ гнијат по затвори. Македонци кои поради вашите РЕАЛНИ политики и климање со глава пред амбасади и странски дипломати изгубија надеж дека наскоро ќе им се раздени во животот.
Македонци кои поради вашите поданички политики заборавивте дека имаат деца, и еднаш ЈАВНО не излеговте да кажете дека тие се дел од ВАС и НАС и дека се гордеете на нив.
Им ги одмолчувате имињата како да се најголеми терористи.
Оставени на себе и на нас неколку кои мољакаме како бедници за да им пушти некој некој денар помош на нивните дома. Ама ако, за нив и во пеколот ако треба.
Ама за вас реалните и умерените, блиску до центарот од десно и малку полево, за вас нема почит повеќе.
Кога немате вие слух за народ и за оние кои секојдневно гинат, тогаш ни тие нема да имаат за вас.
Далеку сме од катарза, спремете се за катаклизма. – напиша Јандриоски на својот фејсбук профил.