ВИДЕО: Тело на студентка од Косово најдено меѓу згради во Тетово
Во Тетово вчеравечер меѓу зградите спроти Центарот за социјални работи било пронајдено безживотно тело на млада девојка, известуваат локалните медиуми.
Според првичните неофицијални информации, станува збор за девојка од Косово, која студирала во Тетово.
Полицијата веднаш излегла на лице место и започнала увид, а таму присуствува и јавен обвинител кој ја води истрагата. Засега нема официјални информации за тоа како настанала трагедијата, ниту дали станува збор за несреќен случај или нешто многу посериозно.
Comments are closed.