Две лица загинаа, пет повредени во тешка сообраќајка на патот Прилеп – Росоман

МВР информира дека попладнево околу 17:00 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина на с. Радобил.

Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица.

Од 18:00 часот сообраќајот е се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.

Од МВР велат дека „со детали соодветно ќе ја известиме јавноста по завршувањето на увидот“.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK