И по кој знае кој пат Тричковски шири морбидни некрофилски пропаганди, ќе реагира ли обвинителството?

“Невладините органзцаии“ и порталите на СДСМ од доаѓањето на Зоран Заев па до денес (а и утре) создаваат и шират лажни вести до морбидни некрофилски пропаганди кои се далеку од секој нормален јавен настап, пропаганда па дури и далеку од нормален разум особено кога се во прашање некои нивни “колумнисти“ како Бранко Тричковски кој со децении е на платен список на претходно спомнатите.

Користењето на трагдии поврзани со нечија смрт за дневно политички цели, без оглед дали се тоа случаите со убиствата на Смилковско езеро, загинувањето на новинарот Никола Младенов, трагедијата со пожарот во Кочани, сообраќајки со смртни псоледици за некој граѓанин… се добро познати во јавноста. Во сите случаи се повторува истото – кога СДСМ прави “политички хепенинг“ по модел на мини шарена револуција од трагедија и очекува провокација на предизвикан бес кој ќе се усмери кон ВМРО ДПМНЕ без оглед што ВМРО ДПМНЕ нема никакви допирни точки со настаните.

Но, некрофилијата не завршува тука. Повеќе лица, меѓу кои најизразен пример е наведениот “колумнист“ на СДСМ Бранко Тричковски, отворено повиокуваат и поттикнуваат нечија смрт, дури и со најморбидни описи на настанот, на политичките противници на СДСМ без оглед дали се работи за политичари, новинари, интелектулаци или бизнисмени кои СДСМ ги смета за свои политички противници. И, ниту едно обвинителство од доаѓањето на власт на Зоран Заев досега не покренало постапка против Бранко Тричковски кого “невладините“ на СДСМ го бранат дека е тоа “слобода на говор“.

Доколку обвинителството докажано досега во функција на СДСМ не е во состојба да покрене соодветна постапка, време е да се јави медицината и Бранко Тричковски да биде сместен онаму каде што се сместени другите со пореметен ум, особено ум кој е опседант со агерсија и потткнување нечија смрт. Кој е опасност за јавноста, а не само за лицата кои ги споменува.

 

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK