Русите ноќеска ја нападнаа Украина со дронови и ракети: Има загинати и повредени

Најмалку две лица загинаа, а уште две се повредени во руски напад со беспилотни летала и ракети врз регионот Лавов во западна Украина во текот на ноќта, објави утрово регионалниот гувернер, Максим Козицки.

Тој го објави ова на Телеграм, објави Ројтерс.

Киев и голем број украински региони беа цел на руски воздушни напади во текот на ноќта, соопшти Командата на украинските воздухопловни сили и противвоздушна одбрана.

Покрај Киев, нападнати беа и регионите Хмелницки, Деражни, Сатанов, Виницка област, Вапњарка, Немиров, Жмеринка, Козјатин, Запорожје, Днепар и Одеса, објави Укринформ.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK