Судијката што ги ослободи Заев за случајот „Поткуп“ и Бучковски за тенковите ќе го суди пожарот во Кочани

Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, согласно АКМИС-системот, е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска од одделот за Кривично полнолетни, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје. Судијата Груевска Илиевска има 19-годишно судиско искуство во сите оддели на Основниот суд, како и претходни 17 години стаж како стручен соработник, што ја прави соодветен избор за постапување по овој сложен предмет, велат од Судот.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK