Љубовни врски: Со кого ве запозна прво кажува многу за вашата иднина

Почетокот на врската е возбудлив сам по себе, а многу е важно како се запознавате со новиот партнер и кои личности од неговиот живот сте ги запознале први.

Има нешто посебно во тоа кога партнерот за прв пат ве запознава со луѓето кои му се блиски – семејството, пријателите, колегите. Потајно се надевате дека ќе им се допаднете и дека добро ќе се вклопите во неговиот круг на луѓе.

Дали прво ве запознал со членови на семејството, со друштвото или со најблиските колеги кажува многу за типот на врска што тој сака да ја изгради со вас.

Колеги од работа

Едно е сигурно – кариерата игра голема улога во неговиот живот. Голема е веројатноста колегите од работа да се неговите најблиски пријатели. Има уште една варијанта – се „изгорел“ во претходната врска и мислејќи дека тогаш избрзал, решава прво да ве запознае со колегите, како „побезболна варијанта“.

Пријатели

Неговиот најтесен круг на пријатели се луѓе кои најдобро го познаваат и нивното мислење за вас многу му значи. Ако ве запознал со нив на вечерно излегување во кафуле или дискотека, тоа значи дека или случајно сте налетале на нив или ја одбрал „помеката“ варијанта. Ако договори поинтимна средба со потесен круг на луѓе или ве запознава со (речиси) сите одделно, тоа значи дека сака убаво да се запознаете со луѓето кои му значат.

Семејство

Најретко се случува партнерот прво да ве запознае со членови на семејството. Позитивната страна е дека семејството му е важно и најверојатно е тип кој сака врски „на долги патеки“. Негативна страна би било дека без „одобрување“ од семејството не влегува во посериозна врска, што би значело дека тој не носи одлуки самостојно и зависи од семејството.