Во израелски напад врз болница загинале новинари на Ројтерс, Ал Џезира, Асошиејтед прес

Четворица новинари се меѓу најмалку 8 лица убиени во понеделникот при напад врз болница во јужна Газа, меѓу нив и хонорарна новинарка која работела за Асоушиетед прес (AП), објави Асоушиејтед прес.

Маријам Дага, 33-годишна новинарка, хонорарно соработувала со АП од почетокот на војната во Газа, како и со други медиуми.

Таа известувала за лекарите во болницата „Насер“ кои се мачеле да спасат деца без претходни здравствени проблеми, а кои умирале од глад.

„Ал Џазира“ потврди дека нејзиниот новинар Мохамед Салам бил меѓу убиените во нападот врз болницата „Насер“.

Од Ројтерс објавија дека нивниот хонорарeн снимател Хусам ал-Масри, исто така, бил убиен во нападот. Фотографот Хатем Халед, кој исто така бил хонорарец на Ројтерс, бил ранет, соопшти агенцијата.

Војната во Газа е една од најкрвавите за медиумските работници: вкупно 192 новинари се убиени во Газа во 22-месечниот конфликт, според Комитетот за заштита на новинарите (CPJ).

За споредба, досега во војната меѓу Русија и Украина се убиени 18 новинари, наведува CPJ.

Канцеларијата на израелскиот премиер и на израелската војска одбија да коментираат за инцидентот.

 

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK