Костов: Заев велеше албанските гласови не вредат, ДУИ мора да оди во опозиција, ДУИ е криминогена партија време е да ја напушти власта
Аналитичарот Сотир Костов, во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека реториката на Заев пред изборите беше дека албанските гласови не вредат, дека ДУИ е криминогена партија, и сега понижувачки е што Заев седна со таа партија за која збореше дека треба да ја напушти власта.
-Албанските гласови не вредат, тие се продаваат, ДУИ мора да оди во опозиција, ДУИ е криминогена партија време е да ја напушти власта, ова не е ексклузивитет на Костов туку парафразирани зборови на Зоран Заев, дали ова не беше пречка Заев да седне и да оди кај таква партија, праша Костов.
Костов вели дека државата е влезена во криза за легитимет, доказ за тоа е однесувањето на Пендаровски кој при немање легитимитет од 61 пратеник, го даде мандатот на Заев, а факт е дека ниту вчера, ниту денеска Заев нема парламентарно мнозинство, Костов рече дека Пендаровски само се избрукал со оваа постапка.
Во Уставот не пишува дека мандатот се дава на еден, на друг, на трет, туку создадена е традиција од времето на Глигоров која е погрешна и не по Уставот, цени Костов.