Голем пожар во скопски Карпош 4, горат старите магацини на „Макотекс“ – го гасат и со авион

Голем пожар беснее во скопски Карпош 4 во близина на старата зграда на Македонската Телевизија.

Според очевидци гори магацин во кој е складирана пластика која се користи во градежништвото.

Пожарот претставува опасност за блиската зграда поради што покрај пожарникарите интервенираше и авион Ер Трактор кој исфрли вода врз огнот.

До овој момент нема информации за повредени.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK