Дозволен влез за македонски граѓани во Србија од денеска само со негативен корона тест
Граѓаните на Република Македонија од денеска во Србија ќе може да влезат само доколку приложат негативен ПЦР тест.
Како што истакнуваат од МВР, тестот не треба да биде постар од 48 часа.
На предлог на Институтот за здравје, српската Влада донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји меѓу кои: Република Македонија, Хрватска, Романија и Бугарија ќе им биде потребен ПСР тест за влез во Република Србија. Одлуката за државјаните на овие четири земји меѓу кои и Република Македонија ќе започне да важи од денеска, а тестот не треба да биде постар од 48 часа. За деца до 12 годишна возраст не е потребен ПСР тест – се наведува во соопштението на МВР.
Со оваа одлука нема да бидат опфатени професионалните возачи, но само доколку станува збор за транзит, односно истите за 12 часа мора да ја напуштат територијата на Република Србија од еден премин до друг.