Лажната дојава за бомба на скопскиот аеродром ноќеска предизвика хаос и стопирање на сите летови

Министерството за внатрешни работи соопшти дека лажна била дојавата за поставена бомба на Меѓународниот аеродром Скопје.

Денеска (16 август) во 02:41 часот на бројот 112 била добиена пријава дека во авион кој требало да полета за Турција е поставена експлозивна направа. Веднаш биле ангажирани единиците за антитероризам кои извршиле детални проверки, при што било утврдено дека станува збор за лажна дојава.

Околу 06:00 часот, аеродромот ја продолжил својата работа со редовен режим на летање.

Од МВР најавија дека се преземаат мерки за откривање на лицето што ја упатило дојавата.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK