ВОНРЕДНА ВЕСТ: Фудбалери, тренер и раководни структури осомничени за местење фудбалски натпревар – полицијата врши претрес
Неофицијално: Денеска полицијата врши претреси на повеќе локации низ Гевгелија поради сомнеж за местење фудбалски натпревар од Втората лига помеѓу Кожув и Башкими.
Bо истрагата се прибрани материјални докази за инволвираност на повеќе лица – меѓу кои фудбалери, тренер и раководни структури на двата клуба. Јавното обвинителство, на барање на МВР издало наредби за претреси, а сомнежот е против седум лица.
Ова е прв случај од ваков тип што се расчистува, не само во Македонија, туку и во регионот. МВР преку Бирото за јавна безбедност испраќа јасна порака – криминалот нема засолниште, без разлика дали е на улица, во институција или на спортски терен.
Comments are closed.