Ескалираше насилството на протестите во повеќе градови во Србија
Вчера во повеќе градови низ Србија избувнаа насилни судири помеѓу демонстранти и припадници на полицијата, како и со групи поддржувачи на владејачката Српска напредна партија (СНС) и претседателот Александар Вучиќ. Овие настани се последица на деветмесечните протести што се одвиваат низ земјата, кои започнаа како реакција на политиките и постапките на актуелната власт, а кулминираа во последните денови.
Ескалацијата започна во вторникот, 12 август, кога во неколку места во Војводина – особено во Врбас и Бачка Паланка – групи поддржувачи на СНС физички нападнаа демонстранти. Инцидентите се случија пред очите на полицијата, која според сведочењата на присутните, не интервенирала за да ги спречи нападите. Оваа пасивност на безбедносните сили дополнително ја разгневи јавноста и придонесе за организирање масовни демонстрации наредниот ден.
Novi Sad pic.twitter.com/wq8epUBGQh
— Anđela (@_esi_mi_dobar) August 13, 2025
Како одговор на нападите, вчера беа организирани протести на околу 30 локации низ целата земја. Главниот фокус на маршевите беше насочен кон локалните и централните седишта на Српската напредна партија (СНС). На голем дел од овие локации, демонстрантите беа пречекани од полициски кордони, но и од организирани групи поддржувачи на власта.
Stražilovska ulica Novi Sad ‼️
Pristalice SNS ponovo pucaju na gradjane iz pirotehnike, gadjaju ih kamenjem … ‼️
Novi Sad – BUDI SE ‼️ pic.twitter.com/JgXBJb81ZF
— Shonetin (@kaonikotinn) August 13, 2025
Comments are closed.