СДС и ДУИ се сламката за спасот на Коцевски, за тој да продолжи да им го спасува и штити криминалот

СДС со последни сили се бори да си ги спаси од одговорност криминалците во своите редови.

И во оваа борба е во соработка со нивниот некогашен владин коалиционен партнер, а сега опозиционен партнер, ДУИ. Вчера здружно застанаа на браникот да го спасат Љупчо Коцевски, на кого веќе му е изгласана интерпелација во македонското Собрание, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Сега на сите ни е јасно, зошто никој од СДС и ДУИ не е во затвор по обвинение на Основното јавно обвинителство. Затоа што Љупчо Коцевски, како прв човек на обвинителството, наместо да го гони сторениот организиран криминал и корупција од лица на СДС и ДУИ, тој се стави во нивна заштита, потенцираат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сламката на спасот за Коцевски е СДС и ДУИ, за после тој да продолжи да им ги спасува и штити криминалот.

Со вчерашното собраниско гласање, односно негласањето на СДС и ДУИ за интерпелацијата на Коцевски, станаа јасни и други работи.

Сега веќе е јасно кој ја мати водата за трагедијата во Кочани. Истите оние кои претпладнето правеа пресови за Кочани, не беа задоволни од истрагата и обвинуваа за селективност, сега сметаат дека Коцевски добро си ја работел работата.

ДУИ и СДС се штитникот на Коцевски. Така тие си го штитат криминалот на Венко Филипче и Зоран Заев, исто како и на Али Ахмети.

Затоа и покрај јавно објавените индиции и докази за вмешаност во криминал и корупција на Филипче, Заев, на скоро цела фамилија на Амети, нема никаква истрага или постапка од обвинителството.

Сите се се уште на слобода, без никакви кривични пријави, да си ги шират бизнисите од криминално стекнатите пари“, додаваат од владејачката партија.

На Македонија и треба независно и непристрасно Јавно обвинителство, отпорно на политичко влијание, кое ќе ги гони сторителите на криминал и корупција, а не обвинителство во служба и заштита на криминалот и криминалците од СДС и ДУИ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ZBOR.COM.MK