Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања кај децата – Козле

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано.

-Хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет, се наведува во соопштението.

Министерството останува посветено на следење на состојбата и обезбедување континуирана здравствена заштита за најмладите пациенти.

ZBOR.COM.MK