Егзекуција во Атина како на филм: Му пришол на маж и го изрешетал пред очите на минувачите (ВИДЕО)

Според извештаите, тој починал од прострелни рани попладнево.

Жртвата, според извештаите, била застрелана најмалку пет пати, вклучувајќи три пати во вратот, објавува Прототема.

Катимерини објавува дека жртвата била застрелана двапати во градите и имал околу 30 години. Идентитетот на мажот сè уште не е објавен.

Според првичните информации од полицијата во Атина, напаѓачот избегал од местото на настанот пеш, носејќи маска.

„Видов човек како трча кон плоштадот, беше облечен во црно. Му се приближив и тој избега. Слушнав истрели, мислам дека шест истрели“, изјавил очевидец за Катимерини.

Полициските сили брзо пристигнале на местото на настанот, каде што биле пронајдени најмалку пет чаури.

ZBOR.COM.MK