Пендаровски ќе му го додели мандатот на Зоран Заев
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, утре – 13 август 2020 година, четврток, во 12:00 часот, мандатот за состав на Владата на Република Македонија ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија.
Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата.