СДСМ прославува седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

СДСМ слави 7 години од Преспанскиот договор. Само тие слават во Македонија. И Грција, се разбира, таму слават сите.

И додека нашата исполни се од Договорот од Преспа, во однос на имплементацијата, како што се промената на уставното име и Уставот, менување на пасошите, регистарските таблици, менување на имињата на Министерствата и институциите и слично, од грчка страна, како што неколку пати во минатото има пишувано МИА, постојат многу доцнења што се однесуваат на спроведувањето на договореното.

Трите меморандуми за соработка потпишани во 2019 година, а за првпат доставени во грчкиот Парламент на средината на септември 2020 година, сè уште не се ратификувани и покрај тоа што опозициската СИРИЗА, лани ги достави по втор пат, а дополнително, не е одржан вториот Совет на високо ниво.

Согласно Договорот од Преспа, Советот за соработка на високо ниво предводен од премиерите на двете земји, „ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа Спогодба и Акцискиот план кој ќе произлезе од истата“.

Првата и единствена меѓувладина седница беше одржана во Скопје во април 2019 година, при посетата на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас, додека пак на втората домаќин треба да биде Грција.

Нешто повеќе од три месеци по потпишувањето на договорот, односно на 30 септември 2018 година, македонските граѓани беа повикани на раферендум да одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Излезноста на референдумот беше минимална, гласаа само 36,91 отсто од гласачите.

СДСМ не ги почитуваше референдумските резултати и народското НЕ.

ZBOR.COM.MK