КУКАВИЧКИ ПОТЕГ: АЕК го саботира мечот во Скопје поради притисок од своите навивачи

Натпреварот што требаше да биде ракометен спектакл во Скопје – финалето меѓу Алкалоид и АЕК – е откажан пред самиот почеток. Причината? Екипата на АЕК одби да излезе на терен, поради спор околу влезот на нивните навивачи.

„Натпреварот вечерва нема да се одигра за жал. АЕК нема да излезе на терен. Така што, за понатамошни инструкции што со овој натпревар, ќе чекаме информации. За вечерашниот натпревар што требаше да биде спектакл, се извинуваме. Добивме информација дека екипата на АЕК не сака да го одигра натпреварот“, рече официјалниот спикер.

Вечерва требаше да се додели пехарот, но тоа нема да се случи. За судбината на ова финале ќе се одлучува дополнително. Според неофицијалните информации, екипата на АЕК се откажала оти сакале во салата да влезат повеќе од 200 нивни навивачи, што било недозволиво и надвор од дадените насоки.

Но ова не е прв пат АЕК да прави вакви скандали а федерацијата да им прогледува низ прсти. Ова се случи и со српски Партизан.

ZBOR.COM.MK