Со автомобил се забил во толпа на уличен фестивал во Ванкувер
Триесетгодишен маж е уапсен откако со автомобил се забил во толпа на уличен фестивал во Ванкувер, повредувајќи и убивајќи повеќе лица. Инцидентот се случил околу 20 часот по локално време (5 часот наутро по средноевропско). Полицијата не го објавува бројот на жртвите додека не ги извести семејствата.
„Еден осомничен, едно возило“, им одговори шефот на локалната полиција Стив Раи на новинарите кога го прашаа дали бараат уште некого.
Новинарите прашаа дали 30-годишниот маж имал криминално досие. „Би било непримерно да давам такви детали во овој момент“, истакна Раи. Тој потврди дека напаѓачот од претходно ѝ бил „познат на полицијата на одреден начин“, но одби тоа да го објаснува. Напомена дека минувачи го фатиле осомничениот и го задржале до пристигнувањето на полицијата.
Локалните медиуми пишуваат дека голем теренец се забил во пешаци за време на годишниот фестивал Лапу лапу, кој ја слави филипинската култура. Фестивал е во чест на антиколонијалната борба на Филипините во 16 век.
На снимките на социјалните мрежи се гледаат бројни полициски автомобили, возила на брза помош и пожарникарски возила на местото на настанот, со повредни лица на земја.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.