На Предлог-извештајот на Вајц за Македонија поднесени 313 амандмани – најмногу од „милите комшии“ Бугарија и Грција
На Предлог-извештајот на известувачот на Комитетот на надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, европратениците доставија вкупно 313 амандмани. Повеќето од нив дообјаснуваат или дополнуваат некои делови од документот, но има и такви со кои во извештајот се вметнуваат нови содржини или оценки.
Така, како што јави дописникот на МИА од Брисел, европратениците Емануил Фрагос и Галато Александрики од екстремно десничарската и националистичка партија Грчко решение (ЕЛ), предлагаат „Замена на зборовите „Република Северна Македонија“ со зборот „Скопје“ во текстот на целата Резолуција“.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.