Идентификуван возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен јавен обвинител
Според СВР Скопје со него е извршен службен разговор и известен е јавен обвинител по чии насоки ќе биде изготвено Известување со целокупниот документиран материјал за понатамошно постапување, стои во соопштението на министерството.
-Од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа преземени мерки и активности со цел утврдување и документирање на сторител на кривично дело „мачење на животни“ предвидено и казниво по член 233 од Кривичниот законик.- МВР
Ова е последен во низата случаи на малтретирање животни. Во тек е и судењето против лицето коешто брутално го удираше бездомното куче Феликс кај Момин Поток. За овој случај од здружението за заштита на животни, Анима Мунди излегоа на протест и бараа затворска казна за лицето кое го малтретираше кучето, обвинувајќи дека секогаш насилниците поминувале само со парични казни.
-Досега во Македонија ниеднаш нема изречена ефективна казна затвор, секогаш досега насилниците проаѓале со парични казни кои сметаме дека не се доволни– Анима Мунди, Столе Велковски
Инаку, казните за ваквите дела се предвидени во Кривичниот Законик во член 233 став 1. Законот предвидува дека секој оној што мачи животно, му нанесува непотребни болки или изложува животно на страдање ќе биде казнет парично или со затвор до шест месеци.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.