Антикорупциска акција во моментов – злоупотреби во прилепската болница

Широка антикорупциска акција на Финансиската полиција и МВР е во тек, дознава КУРИР.

Како што дознаваме, се вршат низа претреси и разговори, поврзани со злоупотреби во Општата болница со проширена дејност во Прилеп.

Направени се претреси на повеќе места низ градот. Акцијата се реализира по налог на надлежните институции и е поврзана со сомневања за евентуални злоупотреби.

Освен во самата прилепска болница, како што неофицијално дознаваме, претреси се вршат и во неколку приватни домови на лица за кои постои сомнение дека се поврзани со случајот.

Повеќе информации очекуваме во текот на денот.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK