„Новото’’ лице на СДС, преточено во Филипче, е само продолжение на Заев, на неодговорност, на криминал и на корупција
Тоа што СДС спадна на тоа нивниот „лидер’’ да има 18 илјади гласови на внатрепартиски избори, а на рејтинзи имаат околу7%, говори за фактот дека СДС веќе не е втора партија во државата, велат во партиското соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа што СДС спадна на тоа нивниот „лидер’’ да има 18 илјади гласови на внатрепартиски избори, а на рејтинзи имаат околу7%, говори за фактот дека СДС веќе не е втора партија во државата, велат во партиското соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа што упорно им го говоревме дека не треба да го прават додека беа власт СДС и Филипче, им се удира секојдневно од глава. За жал, гледаме дека и ден денес, политиката на СДС е само бледо продолжение на политиката на Заев.
Покажувањето на моќ, нетранспарентноста, тендерите во четири очи, синови и ќерки со стипендии и вработувања по државни институции, некомпетентни кадри во државните институции, виткањето кичма на меѓународно поле, лошите образовни програми, 2% доверба во правосудството кое тие си го одбраа со ДУИ, изживувањето на полициските службеници, ваучери за млади и спорт наместо кај спортистите, завршуваа во џебовите на раководните лица, стотици илјади евра за тренинзи за магариња, рецепти за пица и фризерници, богатење на маката на граѓаните преку давање на вода наместо физиолошки раствор на Онкологија, набавка на вакцини со цел провизиите да завршат во џебовите на Филипче и Заев во договор со непостоечка фирма од Хонг Конг, немањето на одговорност за случаи како модуларна болница, Беса транс, Дурмо турс, Мартин Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље и еден куп други случаи, поради кои граѓани ги губеа своите животи, а никој не понесе одговорност.
И по Заев, Заев. Тука е проблемот во СДС. Наместо да се извинат и со нови кадри да понудат избор на граѓаните, тие повторно со Филипче, Фани Сорос, Чупеска гласноговорникот кој работеше за СДС пред да стане потпретседател, Јон Фрчкоски директор на аналитички центар, пратеници им се луѓе кои претходно ја водеа Владата во Македонија, заради кои сме дојдени до ова дереџе денес.
СДС и Филипче, немаат никаков кредибилитет да говорат за работата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со оглед на тоа што дочекавме кога ја презедовме државата која беше на раб на банкрот, сега сме сведоци на поголеми плати, намалена инфлација, нови образовни програми, развивање на туризмот, рекордни странски инвестиции, зголемување на бодови на здравствени работници, редовни плати, субвенции за земјоделци, дигитализација на административните услуги, расчистување со криминалот по македонските улици, корупцијата се намалува, и после долго време, има одговорност. Денес одговорноста има име и презиме, а не како порано, кога криви беа пајаците, каблите и слично.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи за граѓаните. Македонија мора да биде повторно горда!, стои во соопштението на партијата.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.