ВМРО-ДПМНЕ – Македонија е пред банкрот, граѓаните се на питачки стап, а Заеви трпаат милиони
Зоран Заев и СДСМ преку поскапената струја, која ќе ја плаќаат граѓаните, собираат свежи пари кои подоцна преку тендери треба да ги земат фирми блиски до власта и Заеви, ова денеска преку соопштение до јавноста го потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека граѓаните плаќаат поскапи сметки за струја, фирмите на Заеви нижат профити. Доколку во изминатиов период СДСМ се поставеше домаќински и наместо буџетите на РЕК Битола и ЕЛЕМ да ги гледа како средство за богатење на поединци и се насочеше кон инвестиции и штедење немаше овие компании да имаат намалена добивка. Наместо да вработуваше партиски војници и да врши директен поткуп пред избори, СДСМ преку ЕЛЕМ можеше да влијае на цената на струјата, која секаде во регионот и Европа во период на пандемија се намалува, само кај нас се покачува. СДСМ не се грижи за граѓаните, се додека се работи за интересот на поединци блиски до Заеви, додаваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Македонија е колатерална штета на желбата за богатење на Заеви и луѓето околу нив и тоа на сметка на трудот и маката на 2 милиони луѓе.