ФОТО: На кулата Белград им се оддава почит на жртвите во пожарот во дискотека во Кочани
На Кулата Белград во српскиот главен град вечерва им е оддадена почит на жртвите од пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА од Белград.
На зградата е испишана пораката „Србија стои со Македонија“.
На фасадата електронски се менува знамето со црна позадина, по што се појавува фотографија од запалена свеќа.
Кулата Белград е облакодер од 42 ката висок 168 метри, како дел од проектот Белград на вода.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.