Хипокризија или двете лица на една те иста партија
Главното прашање и дилема на јавноста е: Зошто вакви „идеи“ не им текнуваа на СДСМ минатите СЕДУМ години додека беа на власт, особено имајќи предвид дека цените на производите „скокнаа“ дупло токму во периодот на нивното владеење/аздисување/арамилак, исто како и драстичното зголемување на цената на струјата?
Минатите неколку месеци, онолку колку се во опозиција, СДСМ „врие“ од идеи и предлози. За македонската јавност останува енигма трансформацијата на оваа партија, која кога е на власт се менува 102% и чии извиканици тогаш или почнуваат да крадат/аздисуваат или запаѓаат во зимски сон и „увелико“ во стилот на народната „лежи лебу да те јадам“ се излежаваат на државни јасли, од време навреме продавајќи по некоја идентитетска одредница, а во поголемиот дел од времето користејќи ги наголемо благодетите на јавните функции, плати, бифтеци, фондови за иновации, ЕСМ-а, генерални секретари со пошти или компјутерски програми, лотарии итн. итд. и др.
Најновата „идеја“ ја презентираше според многумина најнеспособната министерка за труд и социјала во историјата на Македонија. Им „текна“ дека ако се укинело ДДВ-то за храната, а она за електричната енергија се симнело на 5%, на граѓаните ќе им останеле многу пари во празните паричници.
„СДСМ ја повикува власта и претениците на мнозинството да ги прифатат законските решенија за намалување на ДДВ за струја на 5% и укинување на ДДВ за храна.
Само така веднаш ќе им се помогне на граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај и живеат се потешко.
Животот во Македонија станува сè поскап, граѓаните имаат сè помалку пари и тешко ги задоволуваат основните потреби“, изјави Тренчевска на денешната прес-конференција на Бихаќка.
Главните прашања и дилеми на јавноста се:
-Зошто минатите 7 години не ги интересираше паричникот на граѓаните, освен „интересот“ на оние кои завршија зад решетки и кои беа „силно“ заинтересирани за народото портмоне?
-Чуму, вакви „идеи“ не им текнуваа минатите СЕДУМ години додека беа на власт, особено имајќи предвид дека цените на производите „скокнаа“ дупло токму во периодот на нивното владеење/аздисување/арамилак, исто како и драстичното зголемување на цената на струјата?
По социјалните мрежи ценат дека одговорот најпластично лежи во еден збор, ЛИЦЕМЕРИЕ…
Инаку, лицемерието се толкува како став, однесување или порок на личност која доброволно се преправа дека поседува верувања, мислења, доблести, идеали, чувства или емоции кои во реалноста не ги поседува. Тоа се манифестира кога личноста се обидува да измами други луѓе со такви изјави и затоа, тоа претставува еден вид лага.
Си спомнувате на некој таков во македонската политика?
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.