Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ: Никогаш во мојот живот нема да го заборавам она после поплавите во Скопје
Тоа кобно утро, на 6ти Август 2016тата година уште на разденување ги добивме информациите дека во Стајковци и околните населени места се случила поплава која за жал има однесено и човечки животи.
Веднаш се организиравме за помош на настраданите семејства, паметам како целата Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ од цела Македонија беше на нозе а мојот дом беше централен пункт за собирање на целата хуманитарна помош која ја собираа жените од цела Македонија. Дневно се пакуваа и разделуваа голем број на хуманитарни пакети со храна, средства за хигиена и најпотребното во тој момент вода. Во очите на граѓаните гледавме безнадежност.
Благодарение на тогашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и локалната власт во Општина Гази Баба и Градот Скопје, нивната координираност и организација помогнаа за најбрзо време да се исчисти шутот, да се изгради оштетената инфраструктура и најважно во тој момент да се обештетат граѓаните.
Никогаш во мојот живот нема да го заборавам она што го видов таму.
Господ нека ги прости починатите а на преживеаните да им дава здравје и сила да живеат со преживеаното!
Никогаш да не се повтори но и никогаш да не се заборав