Граѓаните најмногу веруваат во полицијата: Владата на второ место, судството со најмала доверба – 73,5 проценти сметаат дека правдата во земјава е селективна (АНКЕТА)

Анкетата на „ОМНИБУС“ покажува дека граѓаните најголема доверба имаат во полицијата, а додека најмала во судството.

Анкетата на „ОМНИБУС“ покажува дека граѓаните најголема доверба имаат во полицијата, а додека најмала во судството.

Имено, на прашањето „Како би ја оцениле Вашата доверба во следните институции (на скала од 1 до 5)“, највисока оценка доби МВР односно 3.6, Владата е оценета со оценка 3.2 и е на второ место, додека најниска оценка доби судството 2.4.

Како би ја оцениле Вашата доверба во следните институции (на скала од 1 до 5):

o Влада: Просек 3.2

o Собрание: Просек 2.8

o Судство: Просек 2.4 (најмала доверба)

o Полиција: Просек 3.6

Анкетата беше спроведена во периодот од 22 до 29 јануари 2025 година, во рамките на платформата „ОМНИБУС“ по пат на телефонско јавување на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници на целата територија на Република Македонија.

Прашалникот вклучуваше четири главни делови: оптимизмот на граѓаните, довербата во институциите, споредба на перформансите на двете влади и ставовите за актуелните теми.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.