Притвореник му го набавил телефонот на Васил за 250 евра, платен е надвор од затворот, пренесен во опаковка со колачи?

Возачот Васил Јованов кој во средата вечерта со возило ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“ го набавил телефонот од притвореник кој е од Гевгелија, а издржува притвор во затворот во Шутка, дознава „Скопје1“.

Според извори во установата, телефонот бил пренесен од ќелија во ќелија преку затворена опаковка колачи. Услугата чинела 250 евра, а бидејќи Јованов ги немал внатре, парите биле платени кај блиска роднина на затвореникот, од страна на лице блиско до Јованов. Но останува отворено прашањето како и кога бил внесен телефонот во затворот, покрај сите контроли и метал-детектори низ кои минуваат пратките за затворениците.

Според Скопје1, никој не сакал да му даде мобилен, но сепак се нашол еден притвореник, а цо целата работа помогнал дежурен вработен во затворот.

Најтешкиот дел бил како да се пренесе телефонот од ќелија во ќелија. Па, за тоа искористиле дежурен вработен кој го обезбедувал тој дел од затворот. Притвореникот го замолил затворскиот полицаец да однесе благо до соседната ќелија, под изговор дека немале и им барале, тврдат затворски извори за „Скопје1“. Полицаецот не се посомневал и само им ја подал опаковката со колачи.

Договорот бил, плаќањето на уредот да биде надвор од затворот, бидејќи Јованов со него немал пари.

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов вчера соопшти дека мобилниот му е одземен и тој е префрлен во самица, исвршени се претреси, како и најави санкции за служебениците. Мобилниот телефон на притворениот возач-убиец на Фросина Кулакова му е веднаш одземен, по спроведената акција попладнево, како и повеќе други телефони кои се пронајдени. Меѓу нив и телефонот на лицето кое го слика притворениот В.Ј. Директорот на КПД Скопје, Бобан Утковски, ме информираше дека против лицата се преземени сите соодветни мерки кои се дозволени од законот, како би се обезбедиле протоколите и спроведувањето на законските прописи. Со други зборови и поконкретно – лицата од фотографијата сосема сигурно повеќе нема да имаат можност да држат во рака мобилен телефон во КПД Скопје. Лицата кои ги кршат ваквите прописи и предизвикуваат оправдан бес и гнев меѓу семејството на убиената Кулакова, но и целата јавност, ќе бидат најстрого санкционирани. рече Пандов.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.