Кривична пријава за Агенцијата за разузнавање за незаконско следење на поединци, меѓу кои и на премиерот Христијан Мицкоски во 2020 година
Кривична пријава е поднесена против Агенцијата за разузнавање поради незаконско следење на поединци, меѓу кои и на премиерот Христијан Мицкоски во 2020 година, објави Телма.
Поранешен вработен во Агенцијата за разузнавање ги пријавил овие активности, кои се случиле во јули 2022 година.
Истражувањето, кое е споено со друга истрага за незаконски активности на тајните служби, е во тек, а обвинителството собира доказни материјали од надлежните институции.
Агенцијата за разузнавање нема законско овластување за следење на домашен терен.
Тоа го прави АНБ под одредени услови.
Истрагата ќе ги разјасни наводите и ќе утврди дали биле прекршени законите за приватност и безбедност.
Мицкоски тврди дека безбедносните служби се занимавале со негово физичко следење, како и следење на неговото семејство под изговор дека тој бил „нарачател и финансиер на параполициско воено-вооружена формација на македонски радикални екстремни и националистички настроени елементи“, но зад грбот на МВР.
Тој приложи и документи со кои како што вели премиерот лица со кодно име „Цилиндар“ и „Џокер“ го следеле него и неговото семејство.
Она што го цитираше Мицкоски од извештајот него го класифицирале како финансиер на пара-полициско воена вооружена формација која има за цел дестабилизација на Македонија.
„Изворот Цилиндар вели дека јас сум виден со две женски особи на Водно, како пешачам, иако не е вистината оваа информација и замислете го ова тие ми презентирале информации од мој политички интерес, а додека пешачам изворот „Цилиндар“ мене ме покривал. Исто така пред избори но сега во 2021 година, изворот сега го добива името „Џокер“ вели дека во манастирот Св. „Јован Бигорски“ мојата средба со припадници на Патриотско друштво не била случајна тоа било средба која ја сум ја остварил со овие припадници за да ја нарушуваме безбедноста и стабилноста на Македонија рече премиерот.
Извор: Телма
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.