Маневски со решение за бегството од правдата на СДСМ и ДУИ со насила донесениот Кривичен законик

Решението го гледа во хрватскиот кривичен закон, кој во одредбата во членот 86 потенцира – Ако пред да настапи застарување на кривичното гонење и околу застарување на кривичното гонење се измени Кривичниот законик, тогаш се применуваат новите рокови за застареност. Ова решение е поминато иа во ЕСЧП во Стразбур и оценето како добро и од Уставниот суд на Хрватска.

Самоамнестијата и бегството од правдата која СДСМ и ДУИ ја изведоа со неевропските и насилни измени на Кривичниот закон има решение, вели поранешниот министер за правда и јавен обвинител Михајло Маневски. Во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски, Маневски понуди решение за најболната точка во законот и практиката која предвидува кривичните дела да не можат да се судат според новиот закон (кој  веќе е во подготовка), туку според поблагиот закон – во овој случај закон кој не случајно вон сите процедури си го донесоа врхушките на СДСМ и ДУИ. Решението го гледа во хрватскиот кривичен закон, кој во одредбата во членот 86 потенцира – Ако пред да настапи застарување на кривичното гонење и околу застарување на кривичното гонење се измени Кривичниот законик, тогаш се применуваат новите рокови за застареност. Ова решение е поминато иа во ЕСЧП во Стразбур и оценето како добро и од Уставниот суд на Хрватска.

-Тука, јас предлагам едно друго решение. А тоа е решение да се изменат одредбите од Кривичниот закон од член 106 и член 107, кои се однесуваат на застареноста на кривичното гонење и застареноста на извршување на казните, вели Маневски.

-На ова поле, нашиот закон е една до две третини поблаг од другите закони.  Тука има едно добро решение во Кривичниот закон на Република Хрватска, земја членка на ЕУ, која е целосно усогласена со законите на ЕУ во чиј Кривичен закон во членот 86 има една одредба која говори дека – Ако пред да настапи застарување на кривичното гонење и околу застарување на кривичното гонење се измени кривичниот законик, тогаш се применуваат новите рокови за застареност, потенцира правниот експерт.

– Тоа и кај научната и стручната јавност и во теоријата на правото предизвика реакции дека така се кршело начелото на правилото на примена на поблаг закон, меѓутоа тоа не е така, не е така затоа што  тука има пресуди на Европскиот суд за човекови права, тука има пресуди на и пресуда на Уставниот суд на Република Хрватска од 2017-та година, каде што уставниот суд не прифаќа дека одредбата од членот 86 не е уставна затоа што овие одередби за застарување на делото не се одредби од материјално-правен карактер, туку од процесно-правен карактер. Така, Уставниот суд на Хрватска не го прифаќа претсавките за оценка на уставноста на оваа одредба и оваа одредба си останува и ден-денеска на сила во државата, посочува екс мминистерот.

– Јас предлагам тоа да биде внесено и во нашиот Кривичен законик. Ако во Кривичниот закон на Словенија е предвидено дека за најтешките кривични дела застарувањето е 50 години, нашиот закон е 20 години. Реалтивна и апсолутна застарелост 40 години, меѓутоа, ако се земат најниските казни да речеме во кривичниот закон и на Хрватска и на Словенија, за кривичните дела до една година затвор застарувањето на гонењето и постапкатанастапува кога ќе помина шест години, а кај нас е две години, а релативна и апсолутна застареност за 4 години. Значи, една третина помалку од она во Словенија. Затоа, нема никакви оправдани причини зошто во нашето казнено право и закони имаме толку благи рокови за застарност, објаснува Маневски, нудејќи излезно решение од пат-позицијата и самоамнестијата која ја приредија СДСМ и ДУИ за лични потреби.

Министерот за правда Филков најави дека во план се итни и брзи измени на постојниот Кривичен закон, а потоа и целосно нов Закон кој ќе одговара на европското законодавство. Во меѓувреме, ЕК го оцени постојниот Кривичен закон како неевропски. За да небулозата биде уште поголема, во трката за амнестија за сторениот криминал, СДСМ и ДУИ пред да паднат од власт овој неевропски закон го донесоа со употреба на европско знаменце во Собранието.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.