Двајца македонски доктори спасувале повредени од нападот во Магдебург

Горди со нашата дијаспора, објави на својот Фејсбук профил македонската амбасада во Германија.

Македонската амбасада во Германија објави дека двајца македонски доктори Златко Станковски и Владимир Митевски, вработени во болницата во Магдебург дале свој придонес во лекувањето на погодените во крвавиот напад на божиќен пазар во овој германски град.

-Горди со д-р Златко Станковски и д-р Владимир Митевски. Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора, објави на својот Фејсбук профил македонската амбасада во Германија.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.