(ВИДЕО) Со „Алах акбар!“ сириските бунтовници влегоа во претседателската палата во Дамаск

Непосредно пред тоа сирискиот претседател Башар ал Асад побегна од Дамаск. Бунтовниците влегле во палатата очигледно без отпор.

Сириските бунтовници рано утринава влегле во претседателската палата во Дамаск, извикувајќи „Господ е најголем!“, изјавија очевидци за ДПА.

Еден жител на областа рече: „Видовме како вооружени борци влегуваат низ портите на палатата Палатата се нарекува Народна палата и се наоѓа во областа Мезех во западниот дел на Дамаск“.

Видеата на социјалните мрежи ги покажаа и бунтовниците во дворот на палатата и пред нејзините порти.

Непосредно пред тоа сирискиот претседател Башар ал Асад побегна од Дамаск. Бунтовниците влегле во палатата очигледно без отпор.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.