Највозрасната прворотка во Македонија има 61 година, се породи на ГАК
61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија пред неколку дена во Скопје. Случајот се смета за највозрасната прворотка во Македонија.
Според досегашните информации, мајката и бебето се во општа стабилна состојба.
Бебето било зачнато со ин витро.
Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска- Папестиев за денеска на пладне најави повеќе детали.