Мицкоски за парите од унгарскиот кредит: Ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра
Премиерот Мицкоски на Фејсбук објави детали за договорот што го постигнаа со банките за унгарскиот кредит.
Ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра- историски договор, со историски најниска каматна стапка.250 милиони евра од понеделник да бидат поделени до оние на кои им е потребно, односно македонското стопанство. Договорена е каматна стапка од 1,95%, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите, објасни премиерот.